Современите предизвици за културното и природното налседство

Во организација на ФОН Универзитетот и Институтот за социо – културна антропологија, а во партнерство со „MIRAS“ -Социјалната Организација за Поддршка на Проучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД, од 17-19 јануари 2020 по 8-ми пат се организира меѓународната конференција „Охрид- Водици 2020“.

Оваа година на конференцијата тематски е посветена на „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“.

Конференцијата започнува на 17.01.2020 со почеток во 11 часот, во „Куќата на Уранија“ во Охрид, а на отворањето ќе говорат пратеникот проф. д-р Рубин Земон, министерот во Владата на Република Северена Македонија и претседателот на националната комисија за УНЕСКО г-динот Едмонд Адеми, како и градоначалникот на Охрид г-дин Константин Георгиевски.

На конференцијата учествуваат 56 учесници, од 10 земји, со 35 трудови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани