Од денес почнува пријавувањето на капачите за Водици

Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, ќе започне денес  на 16-ти јануари (четврток) во 12 часот.

Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евиденирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.

Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани