Рампата за влез во Стар град прчина за политичка препирка меѓу Вмро Дпмне и локалната самоуправа.
-„Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е тотално незаинтересирана за решавање на проблемите на охриѓани.
Веќе подолг период не работи рампата на пристаниште кај Фаќачот на крст.
Од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ нема никаква загриженост поради тоа што им се ограничува движењето на граѓаните поради неисправната рампа.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните да ги преземат сите мерки да ја стават во функција рампата за да може непречено да се движат граѓаните и туристите.
Доколку надлежните не можат да го решат овој проблем, тогаш како да очекуваме дека ги решат поголемите проблеми во градот за кој ги излажаа охриѓани.
Со СДСМ и Георгиески правиот пат наједноставно е попречен со рампа и нема напред за Охрид!“; обвинија од ВМРО ДПМНЕ .
Од локалната самоуправа со експресна реакција на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ.
-„Во внатрепартиски амбиент на несигурност и безидејност, ОК на ВМРО ДПМНЕ по кој знае кој пат и денеска ја манипулира јавноста со рампите за регулирање на сообраќајниот хаос во стариот дел на Охрид. Прво велеа дека треба да се тргнат, потоа да се искршат, а денеска дека треба да се поправи рампата лоцирана во близина на споменикот на Фаќачот на Крст.
Во интерес на вистината, Локалната самоуправа, чуствува за потребно да ги информира граѓаните, дека од 30.12.2019 година има проблеми околу функционирањето на рампата, кои ги предизвикуваат несовесни сопственици на сместувачки капацитети во стариот дел на градот кои нивната електронска картичка ја користат за да ги внесат и автомобилите на туристите и ја блокираат картичката.
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите за ваквите злоупотреби поседува снимки од видео надзорот, но и покртај тоа во интерес на граѓаните се однесува совесно и одговорно и има поставено по двајца вработени во две смени за да им помагаат на непречено да поминуваат.
Ова е информација за граѓаните , а за ВМРО ДПМНЕ нека биде порака дека конечно треба да престанат во јавноста да шират невистини“ стои во реакцијата на општина Охрид.
