Повредените од сообраќајката кај Хидробиолошки, задржани во „Св.Еразмо“

Возачот е тешко повреден а сопатничката полесно.

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Свети Наум Г.Џ.(39) од Охрид, управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Џ.(32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани