Стружанец се „почастил“ со пари од туѓа картичка

43 годишниот стружанец добил кривична.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 04.11.2019 на улицата „Ристо Крле“ во Струга, оштетената С.Ѓ.(65) пријавила дека изгубила паричник со платежна картичка и пари. Пријавениот, истиот ден го пронашол паричникот и од банкомат со картичката противправно подигнал пари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани