Охридската полиција успешно ги „лови“ разбојниците и крадците.
По фаќањето на крадецот од ресторани, бутици и продавници, денеска охридската полиција го улови и разбојникот кој „сееше“ страв низ охридските аптеки. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
–Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020 , влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, iинформира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

