Утре недела 02.02.2020 во 11:30 часот, ќе се одржи прес конференција по повод реконструкцијата на базенот во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Струга.
Базенот е еден од најголемите проекти во програмата на Агенцијата за млади и спорт, кој се очекува да биде отворен до крајот на 2020 година. Изјава за медиумите ќе даде Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, информираат од Агенцијата за спорт и млади.
Само пред три месеци вна крајот од октомври лани Каевски имаше прва прес конференција и ја најави изградбата на долгоочекуваниот базен во Струга.
– Станува збор за нешто долго најавувано, ветено и со владината програма. Ова е еден од најголемите проекти на Агенцијата за млади и спорт, се со цел овој базен повторно да биде ставен во функција некаде до крајот на идната, почетокот на 2021 година, рече Каевски. Со реконстуркцијата на базенот многу ќе добијат стружани, спортот, но пред се пливачите и децата, за кои наша интенфција е да ги тргнеме од негативните влијанија и пороци и да го донесеме во спортските сали и базените. Со тоа верувам дека ќе се отворат и пливачки и ватерполо клубови, кои секако ќе дадат дополнителна вредност на Струга, рече Каевски.
.jpg)
Станува збор за проект вреден 30 милиони денари, чија реализација според договорот е 2021 година.
