Кога луѓето би знаеле од каква корист се шумите и дрвјата за нивното здравје и живот,би го негувале и пазеле секое стебло на ист начин како што се чуваат и сакаат новороденчињата и децата,вели шумскиот инжинер Мате Гогоски.
Гогоски e истакнат стручњак од хортикултурната дејност и пејсажната архитектура,затоа што својот работен век го поминал разубувајќи го градот Струга и пошироко.Кој се занимавал со садење и негување на дрвца во градот Струга и околината додека работеше во општината,но и сега како пензионер се грижи за зеленилото во градот.

Мате Гогогоски е роден 1937 година во Вевчани а живее во Струга.Основно образование завршува во родното село,а средно шумарско во Кавадарци.Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје.Гогоски е истакнат активист во невладиниот сектор,а сега ја извршува функцијата претседател на Еколошкото здружение „Енхалон“,Струга.За своите досегашни хумани и волонтерски активности и постигнати резултати има добиено повеќе признанија од кои во неколку области од своето делување и работење,меѓу најви соките признанија особено за хортикултурните и еколошките остварувања и животната средина и околина.
Без шуми и природата и светот би биле посиромашни и помалку привлечни!
Овој угледен инжинер на наједноставен и најкраток начин ги дефинира знзачењето и улогата на шумите во прирородата и животната средина:„Шумата е универзален и незаменлив биофилтер,биосунѓер и биоарматура.Биофилтер – затоа што се производството на кислородот и впивањето на јаглерод диоксид и прашина го чисти воздухот кој го дишиме.Биосунѓер – затоа што има способност да влијае на создавањето на резерви вода и да го изедначува дотокот и истекот на вода,а биоарматура – затоа што ги спречува ерозиите лизгањето на земјата и одроните.
Шумата е облека на Земјата и хранител на реките велат стручните лица.Таа влијае на формирањето на климата,на висината на приносите во земјоделството,таа лекар и чувар на човековото здравје и здравјето на животните,таа е богатаство и гордост на секој народ.
„Шумата ја краси Земјата“- напишал Чехов.Таа го „учи“човекот убаво да размислува,го вдахнува и му влева бодро и величенствено расположение.
Човекот кој во текот на својот живот ќе засади и одгледа макар едно дрво,остава зад себе убав спомен на Земјата!
автор Стојан Кукунешоски
