Општина Охрид, НУ Центар за култура „Григор Прличев“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ОУ „Григор Прличев“ , во рамките на годинешното издание на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи“, ги започнуваат чествувањата по повод 127 – годишнината од смртта на Григор Прличев и јубилејните: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на поемата „Сердарот“.
ПРОГРАМА:
05.02.2020 година (среда)
Изложба на ликовни дела на уметници од Македонија;
11.45 часот;
НУЦК “Григор Прличев” (изложбен салон)
СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ НА НАГРАДЕНАТА ПОЕМА ЗА 2019 ГОДИНА;
12.00 часот ;
НУЦК “Григор Прличев”(mала сцена)
06.02.2020 година (четврток)
Полагање цвеќе пред спомен-бистата на Григор Прличев;
Прличева визита;
10.00 часот;
ОУ “Григор Прличев”(училиштен двор)
Полагање лавров венец и свежо цвеќе пред спомен-бистата на Прличев;
Обраќање на претставник од Друштвото на писатели на Македонија
10.45 часот;
Спомен-биста на поетот пред НУ Библиотека “Григор Прличев”
Панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев;
11.30 часот;
Гроб на Григор Прличев
СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ;
Обраќање на претставник на општина Охрид;
Промоција на книгата “Антологија на ловорот” (Приредувачи: проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски);
12.00 часот;
Спомен-куќа на Григор Прличев
Лични навраќања кон Григор Прличев- проф.д-р Вера Стојческа Антиќ;
Прличева визита во организација на НУ Библиотека Григор Прличев;
13.00 часот;
НУ Библиотека “Григор Прличев”
07.02.2020 година(петок)
Спортски ден во организација на ОУ “Григор Прличев” по повод Патрониот празник;
ОУ “Григор Прличев”
