Општината објави јавен повик за субвенционирање на комунални трошоци

Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Врз основа на член 11 и член 306 од Законот за социјална заштита (,, Сл.весник на РСМ” бр.104/19,146/19 и 275/19), член 36 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РСМ” бр.5/02) и член 18 став 15 од Статутот на општина Охрид (,,Службен гласник на општина Охрид “ br.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14,10/19)и Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 815/3 од 31.01.2020 година (,,Службен гласник на општина Охрид од 03.02.2020 година” бр.01/20), Градоначалникот на општина Охрид објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2020 година, заклучно со 31.12.2020 година.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани