„Sky Corner“ честит прв роденден

Роденденската забава ќе биде незаборавна и целодневна.

Со свечена гала забава, во сабота, ултра модерниот хотел-бар „Sky Corner“, ќе го одбележи првиот роденден.. За роденденската журка задолжени се Dj Face и „Куку Леле“.а предвидени се и бројни изненадувања и специјални понуди за гостите. Роденденската целодневна забава за првиот роденден на „Sky Corner“ започнува во 13 часот, а настапот на „Куку Леле“ е во 21 часот. Ексклузивниот хотел во стакло,има шмек,има стил, елегантност и исклучителна атрактивност што му дава „душа“ на Охрид,а „Sky Corner“ го издигнува во респектабилен охридски угостителски бренд со ексклузивен препознатлив стил надополнет со европска смисла за квалитет. Со „Sky Corner“,Охрид Охрид, доби супер-модерен хотелско-туристички објект по највисоки стандарди и забележлив на мапата на врвните хотелски капацитети во земјава и пошироко. „Sky Corner“ гордо се издигнува на атрактивната локација до „Охридска банка“ во строгиот центар на Охрид, од чија тераса се пружа прекрасен панорамски поглед кон чаршијата, према стариот град и секако кон бисерот на градот-Охридското езеро. „Sky Corner“ е љубов на прв поглед, уникатен е, има неповторлив амбиент, освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот и секако, со луксузните сместувачки апартмани. „Sky Corner“ нуди бренд на производи, ексклузивна француска кујна и француски слатки,четири солени соби за масажа, бјути центар и многу други новини што ја освојуваат душата на секој домашен и странски гостин.
„Sky Corner“, дефинитивно ја збогати охридската туристичка понуда и претставува вистински квалитет и освежување меѓу хотелско-угостителските објекти во градот .„Sky Corner“ значи место за многу вработувања, пред се на млади луѓе и подигнување на нивото на економски развој во Охрид. Честит прв роденден „Sky Corner“. , нека се множат родендените, да продолжите со квалитет. Бидете дел од прекрасната приказна за охридскиот преубав „Sky Corner“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани