Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Осми март

Литературниот клуб „Григор Прличев“, на еден нетипичен начин го одбележа Интернационалниот ден на жената.

Настанот беше замислен како дебата за значајни жени и ликови од уметноста. На дебатата беа претставени неколку говорнички со теми како:

1. Мерсиха Исмајлоска: „Урсула Легвин, жената која зборува со змејови“

2. Марина Икономова Шокева: „Силвија Плат, дали жените обожуваат фашисти!?“

3. Еди Ќела: „Жената во делата на Халиде Едип Адивар“

4. Маја Мојсова: „Дали ова е вистинското Сега? Мајка Божја/Големата Мајка и Пророчицата Агата)

5. Кристина Тодороска Петреска: „Ени, два века пред времето“

Во дебатата активно се вклучи и публиката, а заклучоците ја потврдија потребата од континуирана борба за женски права, како дел од останати човекови права.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани