Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка.
Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме. Мерките мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи. Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските, апелира министерот за здравство Венко Филипче.
На отворено кога нема луѓе во близина маска не се препорачува. маската е препорачлива за затворен простор, каде има повеќе луѓе.
-Да ги почитуваме советите за одржување на дистанцата, за миење и дезинфекција на рацете, бидејќи не знаеме кој човек е во период на инкубација, вели Филипче.
