Пијан ги навредувал вработениете во маркет во Струга.
-На 02.04.2020 год.ина околу 15 часот, пред маркет лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, Ш.А.(59) од струшкото село Делогожда го нарушил јавниот ред и мир, кој во видно алкохолизирана состојба, упатувал заканителни и навредителни зборови кон вработените во маркетот. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
