Пензионерка од Подмолје донираше маски и ракавици за полицајците

Елица од својата мала пензија донираше 100 заштитни маски и 200 заштитни ракавици.

По иницијативата на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници, несекојдневен хуман гест направи пензионерката Елица Нацева од охридското село Подмолје. Таа донираше 100 високо квалитетни и повеќе наменски заштитни маски и 200 заштитни ракавици. Донацијата со која хуманата пензионерка, најпрактично ја покажа грижата за здравјето на полициските службеници, ја прими претседателот на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид и портпарол на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски. Тој, на својот ФБ профил искажа јавна благодарност до Нацева оценувајќи ја нејзината одлука како „голем хуман и солидарен гест, вреден за почит“ и напиша :

„Како претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид но и како портпарол на СВР Охрид, искажувам јавна благодарност до Елица Нацева од охридското село Подмолје, за нејзината вклученост во иницијативата на ИПА Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници. Нејзиниот хуман гест е исклучително значаен бидејќи Елица, од својата скромна пензија, одлучи да издвои средства и преку ИПА Регион Охрид, на полициските службеници да им подари 100 високо квалитетни и повеќе наменски заштитни маски како и 200 заштитни ракавици.
– Во знак на солидарност, донирам мала помош но од срце и со голема почит и поддршка кон полицајците кои, покрај лекарите и војниците, и по цена на нивното здравје, дене и ноќе се ангажирани да придонесат за поголема заштита на нас граѓаните од корона вирусот, ни рече Елица.  Деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници на терен кои преземаат бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Македонија и светот, овој голем хуман и солидарен гест на Елица Нацева е вреден за почит. Донацијата ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни маски и заштитни ракавици и ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа но и за зачувување на нивното здравје“.
Димоски го поздрави донаторот Нацева и сите ИПА членови и пријатели со нивниот интернационален поздрав.

SERVO PER AMIKECO-Служиме преку пријателство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани