Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид.
-Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“.
Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината, информира градоначалникот Константин Георгиески.
.jpg)
.jpg)
