Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот.
Најмногу случаи, вкупно 13, се регистрирани во Куманово, а по него следува Скопје со 12, Прилеп и Велес со по 8, Струга со 2, додека во Тетово, Кочани и Пробиштип се регистрирани по 1 нов случај. Со најновите податоци, вкупниот број на дијагностицирани случаи во нашата земја се искачи на 663. Според местото на живеење, најмногу случаи се регистрирани во Скопје (273), по што следуваат Куманово (143), Дебар (49), Прилеп (46), Тетово (30), Струга (30), Штип (20), Кочани (19), Велес (18), Битола (8), Гевгелија (4), Гостивар (4), Радовиш (4), Крушево (3), Крива Паланка (3), Охрид (3), Кавадарци (3), Струмица (2) и Пробиштип (1).
