Понеделник ден за пазар во Охрид. Граѓаните и покрај вонредната состојба не се откажуваат од своите навики.
Денес го преплавија градскиот затворен пазар. Вработените на сите присутни им делат маски за заштита од корона вирусот.
Маските кои се делат се донација од Здружението за еднаква застапеност на лицата со посебни потреби „Балкан Медиа“ Охрид.



