Стружани понедисциплинирани, повеќе го прекршуваат полицискиот час

Најдолгиот празничен  карантин  на брегот на Охридското езеро мина  со дваесетина прекршувања на забраната за движење. Понедисциплирани се стружани.

Таму за два дена имало 12 , а во Охрид само  четири прекршувања. Иако градот за Велигден е полн со  гости  од земјава, кои се сместени во вилите или сопствените викенд станови многу повеќе се почитува законот.

И изминатиов месец на вонредна состојба поради пандемијата Струга предничи во непочитувањето на полицискиот час. Таму се регистрирани триесетина прекршувања, или по едно нарушување  секој ден.  Вкупно педесетина лица од двата градови заработија казни.

– „Против сите овие лица кои што ги прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час се поднесени кривични пријави во согласно со членот 206 од Кривичниот законик, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Прекршувања имаше и на мерките на самоизолација.. Во еден државен карантин во охридско изолираните лица сакале да  се дружат на забава.

– „Имавме еден таков случај во хотел каде што е државниот карантин имаше излегување од соба со цел да се упатат во друга соба. Од страна на полицискиот службеник тие се предупредени и вратени во соба но поднесена е и кривична пријава. Во оваа прилика јас апелирам до сите лица кои  се изолација и карантин да се придржуваат до одредбите“, вели Димоски.

Во времен на   вонредната состојба  во охридско-струшко се случија и  неколку кражби, тепачки и забави во нелегално отворени  угостителски објекти.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани