Компанијата „Виз Ер“ ја продолжи суспензијата на услуги на повеќето пазари во поранешна Југославија поради новонастанатата ситуација.
Превозникот, кој првично планираше да ги започне услугите од регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни. Понатамошни промени остануваат можни известуваат од компанијата. Авионите на Виз Ер повторно од Скопје и од Охрид ќе летаат од 17 мај на сите дестинации освен Малта. Од 2 јуни ќе се лета и за Малта.
