Во тепачката еден е сериозно повреден.
Физичка пресметка меѓу две лица од Скопје е случена околу 17.30 во куќа на улицата Кузман Капидан во Охрид. Напаѓачот, кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот со сериозни повреди е пренесен во Општа болница во Охрид. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
