Скопјанец со нож нападнал охриѓанец

37 годишниот охриѓанец е тешко повреден.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вчера во 17,40 часот, на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид се случила расправија помеѓу 40 годишен скопјанец и 37 годишен охриѓанец. По претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид. У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош.
Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, изјави Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани