Изготвени се протоколи за јавен превоз, курсеви, ресторани, кафулиња, но се чека одговор и предлози од стопанските комори вели министерот за здравство кој тврди дека не може да се соопшти термин кога би почнале со работа кината, тестрите, локалите.
Кога и како ке се враќа животот во нормала, зависи од бројот на намалување на заболените и одлуките на комисијата за заразни болести изјави Филипче во интервју за Телма.
Според него, мерките се добро димензионирани за што показател е тоа што сега секој ден има се помалку дијагностицирани пациенти, се помалку пациенти кои се лекуваат и повеќе излекувани отколку активни случаи.
– Тоа значи дека мерките беа добро димензионирани и добро испланирани, кои се темелеа на медицински аргументи, на епидемиолошката наука. Врз основа на ова, предлозите ќе продолжат да се даваат и понатаму, порача Филипче.
Се уште не се знае кога ќе се отворат кафулињата, рестораните и другите локали во земјава. Угостителите вчера се сретнале со претставници на Комисијата за заразни болести, но нема детали дали и што е договорено.
Она што се знае е дека угостителите бараат да бидат вклучени во носењето на одлуката, за таа да биде поволна и за нив, но и притоа да биде заштитено здравјето на граѓаните.
На крај ќе пресече Комисијата за заразни болести.
Од понеделник Србија и Словенија ќе ги отворат угостителските објекти, додека пак Црна Гора на 18 овој месец. Албанија се уште анализира кога и каков ќе биде протоколот за отворање на угостителските објекти.
