Три лица го прекршиле полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувало забраната за движење (Дебар-3).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 82 лица во изолација (Охрид-38, Струга-44). Од страна на полициски службеници извршени се 82 контроли врз лицата во изолација (Охрид-38, Струга-44). Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 63 лица (Охрид-33, Струга-24, Кичево-5, Дебар-1). Врз овие лица, извршени се 47 контроли (Охрид-30, Струга-14,Кичево-3). Полициските службеници извршија 94 контроли на угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани