Во изминатото деноноќие излекувани 95 лица, двајца починати и 5 нови случаи на Ковид-19.
95 оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 32 се во Скопје, 38 се во Куманово, 16 во Прилеп, два во Тетово и едно лице во Битола. Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден. Во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, еден од Куманово и еден од Струга. Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 947 , на починати е 84.
