Ѓурѓовденската литија годинава без верници

Почитувани верници, драги жители на Струга и целата наша Татковина:

 

 

Поради актуелната вонредна состојба со КОВИД-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, ве известуваме дека овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи без присуство на народ.

 

Имено, традицијата на Струшката литија (Еордија) и чествувањето на Светиот Великомаченик Георгиј на 7-ми мај во Струга, никако нема да изостанат, но овој пат, целокупната церемонија ќе биде реализирана само од страна свештенството на Дебарско-кичевската епархија и Бигорската, Рајчичката и Пречистанската монашка обител.

 

Свесни за огромната почит што ја имате кон Светиот Победоносец Георгиј, сесрдно ве молиме да останете во вашите домови и ве уверуваме дека ќе се помолиме пред Св.Георгиј за секого од вас и за целата наша земја и светот, што поскоро да бидат избавени од искушението наречено КОВИД -19.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани