ТА Вис-Пој со кампања „Travel to Ohrid“

Познатата ТА „Вис Пој“ Охрид започна кампања „Travel to Ohrid –  Патувајте за Охрид“. Преку објавување на фотографии и промотивни текстови на социјалните мрежи се обидува да се охрабрат граѓаните  својот летен одмор да го поминат во Охрид. 

 


 

-„Се чини дека Корона ќе исчезнe. Сега можете да го испланирате вашиот летен одмор. Се надеваме дека ќе се видиме наскоро во Охрид. Кристално чиста и свежа вода која доаѓа од речни извори, недопрена природа убавина и шолја кафе на брегот на Охридското Езеро специјално за вас. Имајте убав ден и размислете за вашиот летен одмор. Сè уште веруваме дека Охрид е на вашата  листа за ова лето“, пишуваат од ТА „Вис Пој“.

„Тука, на овој агол  на Балканот, може да се согледаат милениумскиот живот  и издржливоста на Мајката природа и креациите на човекот – архитект. Ова е место што ги сублимира духовните и материјалните достигнувања од евро-азискиот и медитеранскиот регион. Ова е местото каде воскресна словенската духовна и просветлувачка пролет и почна да се прелева. Овде може да се добие единствена привилегија да ја доживее моќта на духовноста на едно место и да стане дел од временската машина, почнувајќи од праисториските времиња до модерните времиња, мисла на покојниот Владо Маленко (1980) – македонски археолог – истражувач. 

Во време кога стивнува пандемијата, Охрид ги очекува првите гости. Спасот годинаваќе биде во домашните туристи и туристите од регионот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани