Со божествена Ѓурѓовденската литија Струга денес ќе се поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи.
Годинава поради пандемијата , ќе изостане масовноста на древната традиција. Свештениците во намален број, со монашкото братство од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста , во свечена поворка со чудотворната икона и моштите на светителот ќе го благословат градот на мостовите.
За прв пат ќе нема хор и оркестар, верници од земјава и странство, ќе изостане и семенската гарда и коњаниците…. Верниците ќе бидат распоредени низ градот , по тротоарите на улиците на дистанца со заштитни маски.
–„Народот секако ќе учествува некои во позиции статични без движење. На пример би се псотавиле христијаните во одредени позиции пример по чаршијата, по шеталиштето, покрај реката Дрим или покрај главната улица на тротоарите со тоа да ги запазиме одредбите“ , вели отец Васко Голабоски.
Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.
–„Слава на Бога како да не учествуваме во таа убавина. Свети Ѓорѓија нас ни е тука во градот , заштитник на градот и на цела Македонија. И со душа чекаме да ни дојдат моштите“, вели една верничка.
-Ѓурговденската литија за нас многу значи како стружани со радост го очекуваме овој ден. Секоја година сите години беше досега многу амсовно мсилам дека цела Струга е на нозе овие денови“, вели друга верничка.
-Ѓурѓовденската литија е своевидно продолжување на радоста од воскресението Христово секако дека како и секоја година ќе гледаме да сме што поблиску за да го добиеме благословот од светителот“, вели еден верник.
Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан се негувал пет векови, а е возобновен последниве единаесет години.
Над 15 000 верници од сите краишта на земјава и гости од странство до лани ја продолжуваа древната традиција. Река од народ сплотени и единствени во молитвата, во свечена поворка ширеа торжествена празнична благодат.
Новинар Соња Рилковска