Струшките јавни претпријатија делат плати на рати

Во време на пандемија јавните претпријатија  во Струга  мака мачат да обезбедат плата за вработените.

Струшкото  комунално претппријатие  за месец март на работниците  првично  им подели  само  по 7000 денари , а во мај едвај им ја доисплати целата плата.  Иста е состојбата  и  во  ЈП „Водовод и канализација“ и таму вработените земаат плата на рати.

Директорите, кои не сакаа да зборуваат пред камера ,  велат поради пандемијата  се соочуваат со двојно намалени приходи од наплата на сметки од граѓаните, хотелите, угоститеските објекти и компаниите.  Од општина Струга велат  им помагаат на јавните претпријатија.

–„Повеќе пречки и проблеми имаше Јавното   Комуналното претпријатие. Покрај тоа што го имаме предвидено во буџет им пуштивме плус  три милиони денари и сега спремаме два милиони за да им се излезе во пресрет на вработените“ , вели Дашмир Насуфи кабинет на градоначалникот на општина Струга.

Струшката ВМРО ДПМНЕ  обвинува, кризата е поради  лошо менаирање од страна на власта.

–„Вработените во ЈП се оставени на милост и немилост, со скратени плати а од друга страна општината не сака да ги скрати непродуктивните трошења привремените вработивања и скапите кирии кои ги плаќаат јавните претпријатија“,вели Мирче Аиоски претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Во струшкото комунално претпријатие наплатата е само 20% , додека во ЈП Водовод, приходите за март и април во однос на лани се намалени за 40%.  Директорите  не знаат како ќе обезбедат плата и  за април , најавија дека ќе бараат и помош од државата и општината.  

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани