Во Охрид веќе нема ниту еден случај на корона

Според билтенот со податоци на Центар за јавно здравје Охрид на неделна основа, во Охрид веќе нема ниту еден заболен од корона. 

 

За период од 01 до 08 мај 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар Жупа
– Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 24, Дебар и Центар Жупа 2), а 28 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 2, Струга и Вевчани 10, а Дебар и Центар Жупа 16)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на COVID-19 кај ниту едно лице, 1 лице од општина Струга е позитивни на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19
– Оздравени пациенти од општина Охрид се 9, од општина Струга се 7, а од општина Дебар 2 пациенти. Во Охрид денес веќе нема активни лица позитивни на COVID-19
– Во овој период почина едно лице од Струга позитивно на COVID-19.

 Од почетокот на епидемијата до денес, 09 мај 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 132 лица од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 67 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 37, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

Истакнуваме дека во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени.

Почитувани сограѓани и покрај поволните епидемиолошки параметри во овој момент, особено во Охрид и Дебрца, простор за опуштеност нема. Епидемијата сеуште трае. Активноста на вирусот се намалува, но коронавирусот циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири, велат од ЦЈЗ Охрид. 

НЕКА ГРИЖАТА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ВИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани