Притвор за разбојникот од охридската пошта

Тој доби 30 дена притвор и е префрлен во скопски затвор.

Поради постоење основи на сомнеие за сторено казнено дело  „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Охрид.

– Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

–Пријавениот, на 14.05.2020 година во 12 часот и 10 минути, влегол во просторијата на акционерското друштво ,,Македонски Пошти“ лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид и,  со употреба на остар предмет и закана, од вработените ги побарала парите од прометот. Околу 12.30. тој е пронајден и приведен а пронајдени се парите и користениот предмет, се вели во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани