Уште вчера започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.
После бурните реакции на екологистите и медиумите на социјалните медиуми, брзопотезно беше отстрането парапетчето во Градиште.
-„Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.
Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, напиша градоначалникот Констанит Георгиески.

Проблемот со дивоградите е премногу актуелен, но никој не урива. Надлежните си ја предаваат топката, а сопствениците го користат вакумот наместо да уриваат доградуваат.
Парапетчиња како она во Градиште и многу поголеми има речиси на сите плажи в долж брегот на езерото.
