Во Охрид 6 нови случаи на корона

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67 – Куманово 1 – Дебар 1 – Штип 33 – Тетово 10 – Струга 5 – Охрид 6 – Кочани 2 – Пробиштип 2 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти. – Скопје 4 – Тетово 2 – Гостивар 1 Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани