На прагот на туристичката сезона патната инфраструктура до главните туристички центри се уште во изградба.Туристите на патот до Охрид и Струга ќе се соочат со имрповизирани кружни раскрсници, недоволно сообраќајна сигнализација и безброј пренасочувања.
Откако беше срушен надвозникот на клучката кај Подмолје , направен е импровизиран кружен тек. Според полицијата станува збор за привремено решение до изградбата на новиот надвозник, како дел од автопатот Охрид Кичево.

–„На приодите на кружната крстосница поставени се соодветни сигнални уреди поточно важечка сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација. Со цел зголемена безбедност на овој патен потег СВР Охрид врши координирани и засилени контроли бидејќи безбедноста на овој патен потег треба да биде на повсоо ниво“ , вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Најкритично е на патот Дебарца – Охрид – Струга.

-Лоша е сликата и од аеродромот „Свети Апостол Павле“ кон Охрид и Струга. Речиси целата траса е со патни бариери за пренасочување на сообраќајот. Возачите мора да бидат исклучително внимателни.
Автопатот „Мајка Тереза“ од Кичево до Охрид започна да се гради во февруари 2014 година. Делницата долга 57 километри требаше да биде готова во јануари 2018 година.
-„Тече изградбата на автопатот Охрид Кичево. Речиси целосно е завршена и експропријацијата На клучката кај Подмолје предвиден е и излез кон Косел. Мал застој можеби имаат поедини компании кои работат на патот поради затворањето на границите и влезот на работници од Албанија“ појаснува Зоран Китанов директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Поради пропусти во проектирањето и се уште нерешени имотно правни проблеми со трасата, рокот за изградбае пролонгиран за 2021 година. Според првичниот проект автопатот ќе чиеше околу 360 милиони евра, но трошоците веќе надминаа половина милијарда евра.
Новинар Соња Рилковска
