Вирусот стигна до Долни Дримкол, први случаи на корона вчера регистрирани во село Луково.
Според информациите на Центарот за јавно здравје две лица од селото Луково се заболени од корона вирус. Тие се потврдени вчера. Во Лабуништа регистрирани се нови три случаи на корона, со тоа Лабуништа останува на врвот по бројот на заразени и починати во текот на пандемијата.
Од вчерашната статистика во градот Струга има еден нов случај и еден во селото Велешта.
Во струшко Вевчани и натаму останува стерилна зона, без ниеден регистриран случај на корона.
