Полициски пријави за неносење маски

18 охриѓани и 13 стружани „заработиле“ пријави.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, две лица (Струга-2) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-18, Струга-13, Кичево-39, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Како што нагласи Димоски, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 189 лица (Охрид-91, Струга-76, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-39, Струга-60, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 145 лица (Охрид-26, Струга-62, Кичево-14, Дебар-43). Врз овие лица, извршени се 82 контроли (Охрид-08, Струга-33, Кичево-14, Дебар-27). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 43 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани