Струга нема да дозволи уривање на плажите

Општина Струга нема да дозоли уривање на плажите.

  Уредбата на Владата за отстранување на угостителските објекти и платформи, заеднички со концесионерите  ќе ја  обжалат на Уставен суд.  Сметаат  дека одлуката, донесена  во време на криза и пандемија е   дополнителен сериозен удар врз туризмот и економијата.

– „Ние сме шокирани од ова долука на влада посебно во ова време на пандемија кога очекѕвавме поголема поддршка за нас општините во туризмот а не да не блокираат. Одлуката е избрзана и ние заедно со концесионерите ќе гледаме да се спротиставиме на наш начин., вели Дашмир Насуфи  шеф на кабинет на Струга.

Ќе пропаднат милионските инвестиции а, 300 луѓе вработени во угостителските објекти на струшкото крајбрежје  ќе останат без основната  егзистенција, велат концесионерите.

– ,,Политиката треба малку да мисли што ќе направи со нас, ради тоа што тука се инвестирани пари од нас, не се најдени тук така.0639  Имаме вработени луѓе, плаќаме со години придонеси, такси, даноци, вели Ајруш Мифтари концесионер од Струга.

Струга ќе бара од Владата  да донесе  нов закон за концесионирање и издавање на плажите. Еколозите пак ја поздравија  Уредбата , велат време е да се стави крај со узурпацијата на брегот на Охридското езеро.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани