Охрид 11 нови случаи на корона, Струга 5

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19

во: -Скопје 140 -Куманово 2 -Дебар 1 -Штип 6 -Тетово 19 -Струга 5 -Велес 2 -Охрид 11 -Гостивар 4 -Свети Николе 1 -Ресен 2 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: -Скопје 35 -Куманово 1 -Штип 6 -Тетово 1 -Струга 1 -Гостивар 1 -Валандово 1 Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани