Божиноски: Државата тоне, Охрид не оди напред

Македонија не заборава за сите неуспеси и афери на власта на СДСМ и Зоран Заев, рече на денешната прес конференција Перчо Божиноски портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ. 

 

-„Што направија три години откако се власт во Македонија? Државата тоне, Охрид не оди напред, а граѓаните страдаат откако станавме хибриден режим.
Власта на СДСМ е синоним за свиткана кичма, рекет, партиски вработувања и урбана мафија.
Со СДСМ имаме мачен живот, погазено национално достоинство и распродажба на името, јазикот, историјата, на нашиот идентитет.
Граѓаните се изневерени од СДСМ поради економското фијаско, капитулацијата во здравствениот систем, разурнатото образование и неостварувањето на стратешките интереси. Власта наместо да се справи со сите проблеми ја злоупотребува здравствената криза и дели пакети во вид на поткуп.
СДСМ и Георгиески се главни виновници за пропаднатата туристичка сезона. Туристичките работници и угостителскиот сектор се оставени на милост и немилост. Граѓаните се обесправени, понижени и несигурни.
Заев и СДСМ свесно не се сеќаваат, но Охрид и Македонија не забораваат на неостварените ветувања за живот.
Се наоѓаме пред голема одлука, а од нас сите зависи судбината на државата и таа е во нашите раце. Изборот е кристално јасен. Наместо измами, ни треба напредок.
Да избереме обнова која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, наместо кризи кои ги создава власта на СДСМ.
На граѓаните им е доста од СДСМ и Зоран Заев, да застанеме на страната на Македонија.
СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова.
Охрид и Македонија не забораваат и на 15 јули ќе победат убедливо заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја слават најголемата победа во историјата. А за СДСМ нема бегање од одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за Обнова на Македонија“, рече Божиноски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани