Убавите фотографии доживотно се чуваат,а посебно кога на нив се наоѓаат саканите и почитуваните колеги.Така е со фотографијата од колективот на ОУ „Гоце Делчев“од село Подгорци-Струшко,кое училиште е старо преку 90 години.
Ликовите од фотографијата ,повеќето пензионери,некои и физички не се присутни во средината,ама живеат во најдобри спомени на колегите,учениците и нивните родители кои со почит се сеќаваат на нив.
Овие добри учители во животот и работата беа упатувани едни кон други,со постојано другарување,помагање и разбирање.Сите живееја како една хармонична фамилија.
Иако работаа во отежнати услови за работа,свесно и темелно си ја извршуваа својата – одговорна функција.За нив било најважно со голема педагошка умешност да работат со ученици.

Овој наставнички колектив извадил стотици видни научници,надарени уметници,вредни градители,истакнати општествено-политички работници.Кај сите нив училиштето и овој колектив оставија најдобри спомени.Тоа го потврдуваат некогашните ученици во нивните зачувани спомени,односно слободни писмени состави.Со одбрани,убави зборови,сеќавања и спомени раскажуваат за училиштет,за наставниците кои умееле,како нивни почитувани личности,длабока да го всадат најубавиот дел од нив.Тоа можат да го направат само оние наставници кои умеат,кои имаат талент,знаење и љубов кон професијата.Строги,но правични,работливи и истрајни и затоа почитувани и сакани,со голем авторитет и со несебично залагање придонесоа за афирмација на ова училиште.
Младите генерации и наставници и учители го продолжија патот на постарите колеги и затоа оваа училиште и денеска постигнува солидни резултати,се вбројува меѓу најдобрите основни училишта во Струшка општина,што покажуваат и освоените признанија од натпреварите,настапите и другите активности на учениците од оваа училиште.
/ ФОТОГРАФИЈА ОД ШКОЛСКИОТ АЛБУМ СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
