Рибокрадците „на мета“ на полицајците

Охридските полицајци синоќа „уловија“ белвици.

Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, ноќеска „при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро, кај Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.


Портпаролот Димоски соопшти дека СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе се поднесат соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани