Полицијата, во Охрид казнила 9, во Струга-12, во Кичево-04 и во Дебар-02 лица.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 27 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-09, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски кажа дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 09 контроли врз угостителски и други објекти.
