Повредениот бил од Хановер, сега е во болницата „Св.Еразмо“.
Вчера утро, во 05.50 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.О.(25) од Хановер, излетал од патот.
– Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од ОВР Струга, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
