Пазарната инспекција на терен, се вршат засилени контроли во угостителските објекти во Охрид.
Пред шпицот на туристичката сезона, кога се очекува наплив на голем број туристи се предупредуваат угостителите строго да се придржуваат кон препораките за заштита од корона вирусот.
Екипата на МРТВ синоќа беше со инспекторите на терен. Рестораните и кафулината генерално ги почитуваат протоколите , работат со ограничен број на гости, се врши постојано дезинфекција, запазена е дистанца.
Туристите се задоволни, велат се почитуваат здравствените препораки.
-Посетивме некои од кафулињата и рестораните се беше по мерки и протокол, вели една гостинка.
-Се бориме за тоа цел народ треба да носи заштитни маски, вели еден турист.
-Да немаме толку смртни случаи да има повеќе здрави луѓе, вели една гостинка.
-Сметаат маските малку ако си изгорен на носот ама мора да се носи, вели едно девојче.
– Дека имам асма морам да носам маска, вели едно момче.
Околу Илинденските празници имаше најава за настапи на неколку музички бендови , но по интервенција на инспекцијата тие се откажани. Нема да гостува најавениот Хари Мата Хари во Парк, ниту популарни ди џеи на плажите во Градиште. Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор.
-Пазарните иснпектори на терен од утро до мрак. Секојдневно се контролираат угостителските објекти во градот, целта е да се почитуваат безбедносните препораки, стенд ап.
Изминативе месеци за непочитување на препораките казни заработија седум уготителски објекти од Охрид. Инспекторите велат контролите ќе продолжат, нема да се дозволи да се случат масовни забави, кои може да бидат причина за ширење на корона вирусот.
Новинар Соња Рилковска
