Дали несовесноста е појака од казните?
Иако периодов наназад, полицијата има поднесено илјадници казни за неносење заштитни маски, сепак, голем број граѓани ја игнорираат таа законска обврска.
М-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 91 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-35, Струга-16, Кичево-32, Дебар-08).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, изјави портпаролот Димоски.

Димоски потенцира дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти.
