На крајот од сезоната конечно исчистен дивиот камп во Љубаништа.
Вчера пазарната и градежната инспекција со асистенција на полицијата ги избркаа дивите кампери, кои ја имаа запоседнато плажата пред авто кампот Љубаништа.
Охриднет за овој проблем пишуваше во ек на сезона. Дивите кампери без никакви услови, вода, струја, санитарни јазли, секоја вечер упаѓаа во авто кампот.
