Поскапени становите на брегот на Охридското езеро

Поскапени становите на брегот на Охридското езеро. За 20% пораснаа цените на апартманите во строгиот центар на Охрид , додека за 10% бележат пораст  недвижностите во останатите делови во градот.

Цена на метар квадратен, зависно од атрактивноста на локацијата  се движи од 700 до 1400 евра.

Пандемијата со корона вирусот го зголеми интересот за купување на станови. Причина плус за поскапувањето е  мораториумот и умеренатата градба по барање на Унеско.  Не се градат нови станови па затоа расте цената на постоечките.

„Охрид како еден град и Охридското езеро кои што се вреднуваат како светско пприродно наследство има најголема вредност на национално ниво а и пошироко стана уште повеќе атрактивен за инвестирање во недвижен имот. Имаме континуитет во работењето но и благ пораст во побарувачката“ вели Наташа Спасеска Цветкоска сопственик на агенција за недвижности во Охрид.  

Најбарани се малите апартмани за викенд станови, но расте интересот и за куќи во селските средини.

„Најбарани се апартманите од 30/40 квадрати во централното подрачје но и на останатите  подрачја во градот во зависоност од можностите на купувачите. Овој период има тренд за зголемено барање за купвање на куќи  на ппериферијата односно во руралните средини во оние села кои се буквално иселени“, додава  Цветкоска.

Интерес за недвижности во Охрид и покрај пандемијата има и кај странците. Освен пензионерите од странство,  кои се` повеќе се одлучуваат третата доба да ја минат на брегот на Охридското езеро,  интерес има и кај младите кои работат он лајн од дома.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани