Сојузот на борци Струга одбележа два настани

Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга,на 6 септември со свечана седница и полагање свежо цвеќе на спомениците,беа одбележани 26 август ( 1944 ),денот на формирањето и борбениот пат на четвртата ( седмата)албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија,и 6 септември истата година,формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителна ударна бригада.

Според зборовите на претседтелот на ОО на борците од Струга,Ајредин Мемеди,кој истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман,во месноста „Рудина“на 6 август 1944 год.Штабот на бригадата го сочинувале:командант Нафис Сулејман,заменик командант Шаик Садику,политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето бригадата  броела 164 борци од кои еден младински баталјон кој дошол од Дебар,а го сочинувале Албанци,Македонци,Македонци-Муслимани и Турци од Одебар и дебарските села,а другиот баталјон го сочинувале борци,Албанци,Македонци,Власи и Турци од Струга и струшките села.Командата  на Вториот баталјон беше во состав:Азис Цами како командант и Љубе Мариноски политички комесар.Третиот баталјон го предводеле Муарем Ибраими како командант и Јован Панчески како политички комесар.

Бригадата учествуваше при ослободување на Струга,како и на Сремскиот фронт во сите борбени дејствија.Исто така и Шестата македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 6 септември 1944 година во „Караорман“во месноста „Рудина“.

Штабот на бригадата беше составен од искусни борци,дотогаш припадници на Првата Македонска народноослободителната ударна бригада,а  нејзин командант Драган Ѓорѓевиќ-Алија,а негов заменик Захарија Трајкоски-Брко,политички комесар Киро Сотировски- Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошески,истакна во својата беседа Ајредин Мемеди.

Истовремено беше одбележан и 8 – ми септември –Денот на независноста на Македонија.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани