Вчера на плажата на Куба Либре од страна на тимот на веќе добро познатиот оператор за авантуристички тури “ЈЈ Adventures” беше презентирана новата палета на водени спортови, која нуди нови можности за активности на вода за сите оние кои сакаат да имаат активен одмор во Охрид.
Конечно во Охрид за прв пат се воведуваат комерцијални wakesurfing, wakeboarding и wakeskate тури, а покрај нив посетителите ќе имаат можност да уживаат и во останатите водени активности како скијање на вода, влечење на различни пловни објекти за еден или повеќе лица и веслање на даски за вода (SUP).
.jpg)
Тимот на “JJ Adventures” пред гостите денес ја презентираше опремата којашто е набавена со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, како и новиот чамец Mastercraft X2 Wakesurf Edition.
Новите тури на вода се одличен начин за збогатување на туристичката понуда во Охрид за домашните и странските туристи, а се наменети за сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност, па во нив можат да уживаат и оние кои се почетници и сакаат да пробаат нешто ново, како и професионални спортисти и “wake” спортски друштва од целиот свет.
.jpg)
Охрид со своето мирно езеро е идеална локација за овој спорт кој е нов на пазарот во Македонија, а претставува сурфање и бордање на вода со помош на специјален глисер кој прави идеални бранови за wakesurfing и wakeskate, како и влечење со глисер за потребите на wakeboarding и другите водни активности.
За повеќе информации околу турите можете да ја проверите веб страната jjadventures.mk, како и да ги исконтактирате на нивната Фејсбук или Инстаграм страна.
