Повторно рекорд на новородени бебиња во Охрид.
Изминатото деноноќие на Гинеколошкото одделение во Охрид се родија рекордни осум бебиња. Плачот на шесте новородени момчиња и двете девојчиња го радуваат медицинскиот персонал и пресреќните родители.
Седум од новороденчињата, кои вчера дојдоа на овој свет се од Охрид, а едно од Струга. Во последниве 15 години ова е втор рекорд на новородени бебиња во едно деноноќие.
Исто толку осум бебиња се родија во мај годинава.
